Optika Dioptrika M
Специјализирана продавница за наочари, брза компјутерска проверка на диоптер и очен притисок
Оптика Диоптрика М се наоѓа во центарот на градот Битола, во близина на локалот Безистен, наспроти Дрвеното мостче.
Во нашата оптика нудиме голем избор на диоптриски оквири кои одговараат на вашата физиономија, професија и активност во текот на целиот ваш ден. Од наша страна добивате професионални совети за кои оквири се идеални за вас според вашата диоптрија или кои оквири би биле совршен моден додаток во вашето секојдневие.
Тука се наоѓаат и сончевите оквири кои ги имаме за секој ваш стил и потреба од реномирани брендови кои преку разни групации стигаат во нашата оптика.
Големиот избор на диоптриски и сончеви рамки го имаме за било кој од вас, на било која возраст да бидете услужени и задоволни, така што за секој пакет наочари се добиваат гаранции за нашата изработка и за самите оквири кои ќе ги купете од нас.
Вршиме нарачка на контактни леќи кои можат да бидат подигнати од кај нас или доставени бесплатно до ваша адреса. Заедно со нив има и голем избор на течности за нивно одржување и чистење, вештачки солзи и ензими.
Секоја консултација, прашања можете да ги поставите во порака, или да се јавите на некој од нашите достапни броеви.
Со почит,
Оптика Диоптрика М
11/10/2026
Кога долго подготвувате еден простор, го знаете секој негов агол.
На отворањето, едвај стигнавме да го погледнеме. Насекаде некој драг.
Семејството, пријателите, соработниците, клиентите што се со нас со години. Се разгледуваше, се пробуваа очила, се наздравуваше.
Имаше и коктели осмислени за поводот од коктел екипата која дојде специјално од Охрид, а и прекрасни мали залчиња од Блинг кетеринг и многу причини да не се брза со заминувањето.
Ви благодариме за секое доаѓање, честитка и прегратка. Знаеме колку работа имаше до ова отворање. Со вас добивме можност и убаво да го прославиме.
Споделуваме дел од фотографиите од вечерта. А за да го видите просторот одблизу, повелете на „Никола Тесла“ бр. 4.
Вашата Диоптрика 👁️🗨️
11/10/2026
Добрата оптика се познава и по луѓето.
По знаењето, прецизноста и советот што ви го олеснува изборот. По вниманието со кое ве пречекуваат и кога првпат влегувате и кога се враќате.
Ова е нашиот мал, но исклучителен тим.
Луѓето што стојат зад секојдневната работа на Диоптрика и 👁️🗨️ довербата што ја градиме со вас.
Во новиот простор продолжуваме како што веруваме дека треба. Со време, со посветеност, со знаење и со искреност.
Се гледаме на „Никола Тесла“ бр. 4.
10/10/2026
♥️
09/10/2026
Јас сум Мариа.
На оваа фотографија сум во просторот што долго го замислував.
Знаев како сакам да се чувствувате кога ќе влезете. Да ви биде пријатно. Да имаме време да разговараме, да пробате, да прашате.
Да ги најдеме очилата во кои ќе се препознаете…
Сонував Диоптрика 👁️🗨️ да има свој дом, а јас во него да продолжам да го работам она што отсекогаш сум го сакала.
Моето семејство знае колку ми значи овој момент. Ги делеше со мене и плановите и грижите, ме поддржуваше и веруваше во мене. Затоа оваа радост е и нивна. Ви благодарам што бевте покрај мене на секој чекор.
Покрај себе имам и неверојатно добар, исклучителен тим. За нив наскоро ќе ви раскажам посебно, заслужуваат посебен пост.
А вам, кои со години ѝ ја давате довербата на Диоптрика, ви благодарам што сте дел од нејзиното растење.
На отворањето, меѓу сите поздрави и прегратки, се обидував за миг да застанам и да запомнам како изгледа сето ова. Својот простор полн со драги луѓе.
Ви благодарам што се радувавте со мене.
Од ❤️ Ваша Мариа
09/10/2026
Пред да почне гужвата, еден поглед одблизу….
Секој детал на свое место. Очилата, огледалата, светлината. И онаа мала трема пред да ги отвориш вратите на нешто свое.
Новата Диоптрика 👁️🗨️подготвена за првото „со среќа“.
07/10/2026
Нова ера.
Своја адреса.
Денес се вселуваме во новиот дом на ДИОПТРИКА М 👁️🗨️
05/10/2026
Нова адреса. Ист поглед.
Диоптрика М од оваа недела има свој дом на „Никола Тесла“ бр. 4 во Битола.
Од 8 октомври ги отвораме вратите за нашите клиенти.
Дојдете да го видите нашиот нов дом. И да се видиме.
04/10/2026
Окото веќе ни е на новото место.
Се селиме.
Во нов простор.
Во сопствен простор.
Голем чекор за нас, кој едвај чекаме да го споделиме со вас.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the practice
Telephone
Website
Address
Nikola Tesla Br. 4
Bitola
7000
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 20:00 |
| Tuesday | 09:00 - 20:00 |
| Wednesday | 09:00 - 20:00 |
| Thursday | 09:00 - 20:00 |
| Friday | 09:00 - 20:00 |
| Saturday | 09:00 - 16:00 |
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when Optika Dioptrika M posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.