Пчелни Производи - Пчеларник Дукови
Грижете се за своето здравје затоа што „Здрав човек има милион желби а болниот само една да оздрави,,
Продаваме :
Мед , матичен млеч, прополис капки, полен, перга,
Мешавини :
-семе од коприва со мед
-таан со мед
-матичен млеч со мед
- Можете да нарачате во секое време
На 078300612
09/08/2026
🐝🍯 ЕДНА НЕДЕЛА ПОЛНА СО НАСМЕВКИ, ДОВЕРБА И ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ ВО АПИКОМОРА ДУКОВИ ❤️
Изминатата недела во Апикомора ДУКОВИ беше исполнета со прекрасни средби, нови пријателства, детски насмевки и гости кои ни дојдоа од различни краишта – од соседството, од други градови, па дури и од странство. 🌍🐝
Нè посетија наши драги комшии – и од Велес, и од Подлес, кои со љубопитност ја почувствуваа атмосферата на Апикомората и уживаа во мирот и убавината на природата под планината Клепа.
Нашите први посетители, Божана и Љупчо од Богданци, веќе ја направија и својата трета апиинхалација, а нивното задоволство и убавите зборови се огромна мотивација за нас. ❤️
Имавме прекрасни гости од Швајцарија, кои летниот одмор го поминуваат во Македонија. По третманот ни рекоа дека им е жал што деновите им се при крај и дека следната година ќе си испланираат повеќе време за апиинхалација. 🇨🇭❤️🇲🇰
Посебна радост ни донесоа и гостите од Чикаго, кои последниот ден од својот одмор во Неготино го искористија за посета на Апикомората – заедно со своите две дечиња. 🇺🇸❤️
А најубавите моменти секогаш се оние со дечињата. ❤️
Нè посетија семејства кои живеат во Франција, Австрија, Германија и Швајцарија, а летниот одмор го поминуваат кај своите најблиски во Македонија.
Едно прекрасно девојче, кое летува кај баба и дедо во Црквино, веќе ја направи својата трета апиинхалација. Нејзините искрени детски зборови:
„Тета, јас сега многу подобро дишам... и многу полесно спијам.“ ❤️
А во оваа прекрасна недела имаше и моменти кои за мене имаат посебно место во срцето. ❤️
И Благојче – душата на тета, и баба Камка направија апиинхалација во Апикомора ДУКОВИ. 🥰🐝
Да се видат најмилите како уживаат во ова место кое го создадовме со толку љубов – тоа е чувство што не може да се опише со зборови. ❤️
Во една од најубавите денови имавме дури 12 посетители – од Кавадарци, Велес и други места, а Апикомората беше исполнета со разговори, смеа и прекрасна енергија.
🐝 Што нè поврзува сите?
Љубовта кон природата, желбата да се одвои малку време за себе и љубопитноста да се почувствува едно поинакво природно доживување.
Во Апикомора ДУКОВИ се вдишува воздух кој доаѓа директно од пчелните кошници, без директен контакт со пчелите, во простор исполнет со природните ароми од кошниците. 🍯🐝
⏱️ Третманот трае 45 минути
💰 Возрасни – 500 денари
👧 Деца – 300 денари
А покрај апиинхалацијата, нашите гости често си понесуваат и дел од богатството што го создаваат нашите пчели – мед, прополис, полен, матичен млеч и природни мешавини со мед. 🍯
➡️ Апикомора ДУКОВИ – с. Подлес, Општина Градско, под планината Клепа
Тука доаѓаат луѓе од блиску и далеку, но сите си заминуваат со едно нешто заедничко – убав спомен од едно поинакво природно доживување. ❤️
Ви благодариме на сите што нè посетивте оваа недела.
Ви благодариме за довербата, убавите зборови, препораките и насмевките. 🐝❤️
Вашата доверба е нашата најубава реклама.
Добредојдени сте сите добронамерни луѓе!
🍯🐝 Апикомора ДУКОВИ – местото каде природата дише заедно со вас. ❤️
📞 078 300 612
02/08/2026
🇲🇰❤️ ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН, МАКЕДОНЦИ! ❤️🇲🇰
Денес со гордост го славиме 2 Август – Илинден, денот што ја симболизира борбата за слобода, достоинство и љубовта кон татковината.
Нека нè обединува почитта кон нашата историја, кон хероите кои ја вградија својата жртва во темелите на Македонија, и нека ни биде потсетник дека со единство, чесност и меѓусебна почит можеме да изградиме уште подобра иднина.
Од срце ви посакуваме здравје, мир, благосостојба и многу среќни моменти со вашите најблиски.
🍯🐝 Пчеларник ДУКОВИ им го честита ИЛИНДЕН на сите Македонци и на сите кои ја сакаат и ја почитуваат Македонија.
🇲🇰 ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН! НЕКА Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰
01/08/2026
🐝🍯 МЕД СО ВОСОЧНИ КАПАЧИЊА – ПРИРОДНО БОГАТСТВО ОД ПЧЕЛАРНИК ДУКОВИ 🍯🐝
Дали знаете дека восочните капачиња се најчистиот и најквалитетниот дел од пчелиниот восок? Тие ги затвораат ќелиите со зрелиот мед и претставуваат вистински природен дар.
Нашиот мед со восочни капачиња е идеален за секој што сака природна поддршка за организмот.
✅ Придонесува за јакнење на имунитетот,
помага при киселини во желудникот
✅ Благопријатно делува на грлото и слузокожата на дишните патишта
✅ Се користи како природна поддршка при синуси, настинки и кашлица
✅ Помага за одржување на оралната хигиена во устата, за воспалени непца , се чисти забен камен ...со џвакање на восочни капачиња
🍯 Цени:•
Голема тегла – 800 денари
Мала тегла – 500 денари
Теглите како на сликата
📞 Нарачки: 078 300 612
🐝 ПЧЕЛАРНИК ДУКОВИ – природен мед со врвен квалитет, директно од нашите пчели до вашата трпеза.
Природата го создава најдоброто – подарете му го на вашето семејство.
31/07/2026
🐝❤️ Вчера во Апикомора ДУКОВИ ни дојдоа прекрасни посетители од Радовиш и ни подарија приказна што долго ќе ја паметиме. ❤️🐝
Кате, која живее во Швајцарија, летниот одмор го поминува во своето родно Радовиш. Таму ја видела нашата Апикомора и веднаш ѝ рекла на својата мајка:
„Мајче, ќе те однесам на едно многу убаво место... да дишеш нешто многу здраво за твоите плуќа.“ ❤️
Со нив беше и нејзиниот брат Ристе. По прележана корона, со години не чувствувал никакви мириси. И тој рекол:
„И јас ќе дојдам да пробам.“
Токму во моментот кога пристигнаа, Бубе ги полнеше нашите миризливи вреќички со семе од лаванда. Целиот двор мирисаше на лаванда, но Ристе не реагираше.
По завршената апиинхалација, кога излезе од Апикомората, застана, се насмевна и праша:
„Што е ова што толку убаво мириса?“
Во тој миг сите се погледнавме, а неговата мајка, со солзи радосници во очите, му рече:
„Синко... па ти почувствува мирис после толку време!“
Тој момент засекогаш ќе остане во нашите срца. ❤️
Секој човек различно го доживува престојот во Апикомора ДУКОВИ, а ваквите искрени моменти нè потсетуваат колку е голема силата на природата и колку вреди секоја насмевка што ќе ја видиме на лицата на нашите посетители.
Од срце ви благодариме за довербата и за прекрасното дружење.
🍯🐝 Апикомора ДУКОВИ – место каде што природата, надежта и човечката радост се среќаваат.
Апикомора ДУКОВИ
078 300 612
Еден третман трае 45 минути
Цена за возрасни е 500 денари
А за деца 300 денари
30/07/2026
➡️ Апикомора ДУКОВИ
Апиинхалација – ден исполнет со прекрасни луѓе. 🐝❤️
Вчерашниот ден во Апикомора ДУКОВИ ни покажа уште еднаш дека најубавите моменти ги создаваат луѓето.
Денот го започнавме со драги пријатели од Скопје, кои дојдоа по природен мед, а ја искористија посетата и за апиинхалација.
Во прекрасна атмосфера се потсетивме на старите рибарски денови, кога Тони и Мечо заедно одеа на натпревари за крап :) Спомените, смеата и искреното пријателство го направија утрото посебно.
Подоцна имавме чест да пречекаме прекрасни гости од Тетово , кои денес живеат во Скопје. И тие беа воодушевени од мирот, природата и единствената атмосфера што ја нуди Апикомора ДУКОВИ.
За нас не е важно кој од каде доаѓа и на која националност припаѓа. Во Апикомора ДУКОВИ сите се добредојдени – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати.
Добрината, почитта и насмевката немаат националност, а природата нè поврзува сите.
Воздухот од пчелините кошници е дар од природата за секој човек.
Токму затоа нашата врата е секогаш отворена за сите што сакаат да почувствуваат мир, чист воздух и топло гостопримство.
Ви благодариме што бевте дел од нашиот ден. Со нетрпение ги очекуваме и следните средби, затоа што токму луѓето ја прават Апикомора ДУКОВИ посебно место.
🍯 Пчеларник ДУКОВИ – место каде природата обединува, а пријателствата и насмевките остануваат засекогаш. 🐝
📞 078 300 612
29/07/2026
24/07/2026
🐝 Апикомора ДУКОВИ – место каде што природата зборува сама за себе! 🐝
Вчера имавме чест да пречекаме прекрасни посетители во Апикомора ДУКОВИ.
Ни дојдоа семејства кои живеат и работат во Германија и други во Швајцарија, а летниот одмор го поминуваат во Македонија.
Некои за нас дознале преку пријатели, а други рекоа:
❤️ „Кога ја видовме вашата Апикомора, веднаш решивме да дојдеме и да направиме неколку терапии.“
Имапе и дечиња, па дури и едно мало бебенце кое во рацете на својата мајка мирно го вдишуваше чистиот воздух кој го има и во Апикомората ,
Сите беа полни со позитивни впечатоци:
❤️ „Какво чувство... како да дишеме со полни гради.“
❤️ „Воздухот е неверојатно пријатен.“
❤️ „Ова мора повторно да се доживее.“
Токму овие искрени зборови се нашата најголема награда и мотивација да продолжиме со уште поголема љубов.
🍯 Воздухот во Апикомора ДУКОВИ е исполнет со природни испарливи состојки од медот, прополисот, пергата, матичниот млеч, восокот и поленот.
Многумина го избираат за: 🐝 чувство на полесно дишење, 🐝 релаксација и одмор, 🐝 престој во чиста и мирна природа, 🐝 бегство од секојдневниот стрес.
Ако сакате да си подарите 45 минути мир, свеж воздух и едно поинакво природно доживување, ве очекуваме во Апикомора ДУКОВИ, село Подлес, Општина Градско.
📞 Закажете го вашиот термин: 078 300 612
❤️ Добредојдени сте од сите краеви на Македонија и од целиот свет 🐝
16/07/2026
🐝 РЕКОРДЕН ДЕН ВО АПИКОМОРА ДУКОВИ – ВЧЕРА НЕ ПОСЕТИЈА ДУРИ 21 ПОСЕТИТЕЛ! 🐝
➡️ 21 посетител за само еден ден
Од Струмица, Кочани, Велес..имаше и од Швајцарија
Ова е доказ дека сè повеќе луѓе ја откриваат моќта на воздухот што доаѓа директно од пчелините кошници.
Со огромна радост гледаме како интересот за Апикомора ДУКОВИ расте од ден на ден.
Луѓе од различни градови доаѓаат за да го доживеат ова единствено природно искуство и да почувствуваат што значи да се дише воздух од кошниците.
Во соседните држави апикоморите успешно работат со години и се добро познати. Кај нас ова е сè уште новитет, но бројот на посетители покажува дека и во Македонија луѓето сè повеќе ја препознаваат вредноста на овој вид апитерапија.
❤️ Од срце ви благодариме за секоја доверба, секоја препорака и секој убав збор. Благодарение на вас, Апикомора ДУКОВИ станува препознатливо место каде природата, пчелите и чистиот воздух создаваат незаборавно доживување.
🙏 Вчера – 21 посетител. Денес продолжуваме со истата љубов, посветеност и желба што повеќе луѓе да ја почувствуваат благодетта на природата.
🐝 Ви благодариме што сте дел од приказната на Апикомора ДУКОВИ! 🍯
078 300 612
08/07/2026
🍯🐝 Најубавата награда не се зборовите... туку насмевката после една полесна воздишка.
Денес тројца наши посетители ја имаа својата втора апиинхалација во Апикомора ДУКОВИ.
Една прекрасна госпоѓа, веднаш по третманот, со насмевка ми рече:
„Е, денес сакам да ме сликаш... Ова е многу убаво. А кога ќе ја направам и петтата инхалација, многу ќе те изгушкам... Знам дека ќе ми биде многу, многу подобро.“ ❤️
Таквите моменти не можат да се опишат со зборови. Тие се чувствуваат со срцето.
Денес кај нас беше и еден господин кој, по престој во болницата во Јасеново, реши да ја почувствува силата на природата. На првата инхалација беше многу изнемоштен.
По денешната, втора апиинхалација, ни рече:
„Дишам полесно... Се чувствувам посвежо и имам повеќе сила,но ќе се сликам после петтата инхалација :) ,,
Со нетрпение ќе ги следиме нивните впечатоци и по завршувањето на циклусот од пет третмани.
➡️Апиинхалацијата е природен начин да се ужива во чистиот воздух од активните пчелни кошници, во мирната природа на Подлес, под планината Клепа.
Покрај самото искуство, многумина ни велат дека токму мирот, свежиот воздух и престојот во природата им носат чувство на леснотија и релаксација.
🥰Благодарни сме за секоја доверба, секоја насмевка и секој убав збор.
➡️Добредојдовте во Апикомора ДУКОВИ – место каде природата, пчелите и тишината создаваат посебно доживување.
📞 Закажете го вашиот термин на 078 300 612.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Veles
1400